STEFANIA HOUSE 7/9 ноќи (12)

Вила Стефанија“ е лоцирана во исклучително мирен и спокоен дел на Никити, оддалечен од гужвата и метежот кои во текот на највисоката сезона се интензивни. Истата има соптвен паркинг, голем убаво уреден двор, а од плажата – море е оддалечена околу 50 метри. Четирикреветните студија се опремени со француски кревет и легло на пуштање за две лица, а апартманите со една одвоена спална соба и два кревета во другата соба а сите се со комплетно опремени кујни. Интернетот и климата се вклучени во цената.

 

Попуст од 10% за целосни уплати заклучно со 30 април

ТерминНоќевањаЧетирикреветно студиоЧетирикреветен апартман
20/5-29/5 9 289 329
29/5-5/6 7 319 369
5/6-12/6 7 379 419
12/6-19/6 7 409 469
19/6-26/6 7 459 509
26/6-3/7 7 489 559
3/7-10/7 7 529 599
10/7-17/7 7 559 629
17/7-24/7 7 619 679
24/7-31/7 7 619 679
31/7-7/8 7 619 679
7/8-14/8 7 619 679
14/8-21/8 7 619 679
21/8-28/8 7 579 649
28/8-4/9 7 529 599
4/9-11/9 7 469 539
11/9-18/9 7 409 469
18/9-25/9 7 359 409
25/9-03/10 8 299 359

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело четирикреветно (2+2) студио или четирикреветен апартман (2/2) за 7 ноќевања, освен првата и последната смена, а според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / во еден правец (35 евра)
    • За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) / во еден правец (30 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
  • За информациите добиени од вработените , агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите
  • Агенцијата  не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување