ЦЕНОВНИК - ХУРГАДА (3)

 

Секој Понеделник & Петок – ДИРЕКТЕН ЧАРТЕР ЛЕТ ОД СКОПЈЕ (7, 10, 11 и 14 дневни пакет аранжмани)


ХОТЕЛ УСЛУГА 8НОЌИ / 9ДЕНА 7 ДЕНА од 10 ДЕНА од 14 ДЕНА од Важност  КОМЕНТАР
MINAMARK BEACH RESORT 4* All Inclusive 369 € 319 € 429 € 459 € 31.мај  
ELYSEES DREAM BEACH 4* All Inclusive 379 € 329 € 419 € 469 € 31.мај  
REGINA SWISS INN RESORT 4* All Inclusive 379 € 339 € 439 € 509 € 31.мај  
LE PACHA RESORT 4* All Inclusive 389 € 339 € 459 € 499 € 31.мај  
KING TUT RESOSRT HURGADA 4* All Inclusive 399 € 339 € 439 € 509 € 31.мај  
ROYAL STAR BEACH RESORT 4* All Inclusive 389 € 349 € 419 € 489 € 31.мај ЕКСКЛУЗИВИТЕТ!
AMWAJ BLUE BEACH RESORT & SPA 5* All Inclusive 409 € 349 € 449 € 519 € 31.мај ТОП ПОНУДА!
Променети 17.05
GRAND SEAS HOSTMARK 4* All Inclusive 409 € 359 € 439 € 499 € 31.мај ЕКСКЛУЗИВИТЕТ!
BELLA VISTA 4* All Inclusive 429 € 359 € 479 € 539 € 31.мај  
SEA GULL BEACH RESORT 4* All Inclusive 429 € 359 € 469 € 549 € 31.мај Променети 17.05
SEA STAR BEAURIVAGE 5* All Inclusive 439 € 379 € 499 € 579 € 31.мај  
LABRANDA CLUB MAKADI 4* All Inclusive 449 € 379 € 599 € 589 € 31.мај Ново
SUNNY DAYS EL PALACIO 4* All Inclusive 449 € 389 € 489 € 559 € 31.мај ЕКСКЛУЗИВИТЕТ!
SUNNY DAYS PALMA DE MIRETTE 4* All Inclusive 449 € 389 € 489 € 559 € 31.мај ЕКСКЛУЗИВИТЕТ!
LABRANDA ROYAL MAKADI 5* All Inclusive 509 € 409 € 569 € 649 € 31.мај ТОП ПОНУДА!
Променети 17.05
MERCURE HOTEL HURGHADA 4* (ex Sofitel) All Inclusive 499 € 409 € 539 € 659 € 31.мај  
PYRAMISA SAHL HASHEESH 5* All Inclusive 499 € 409 € 539 € 659 € 31.мај ЕКСКЛУЗИВИТЕТ!
Променети 17.05
CARIBBEAN WORLD SOMA BAY 5 * All Inclusive 489 € 409 € 549 € 649 € 31.мај ТОП ПОНУДА!
Променети 14.05
MOVENPICK RESORT SOMA BAY 5* All Inclusive 509 € 429 € 579 € 689 € 31.мај  
STEIGENBERGER AQUA MAGIC 5* All Inclusive 539 € 439 € 689 € 729 € 31.мај  
MERAKI RESORT 4* (ADULTS ONLY) All Inclusive 549 € 449 € 589 € 729 € 30.мај ТОП ПОНУДА!
CONTINETAL HOTEL HURGADA 5*  All Inclusive 559 € 459 € 659 € 759 € 31.мај ЕКСКЛУЗИВИТЕТ!
"SEA TRIP" FOC
DESERT ROSE RESORT 5* All Inclusive 559 € 459 € 619 € 769 € 31.мај ЕКСКЛУЗИВИТЕТ!
OLD PALACE RESORT 5* Ultra AI 589 € 479 € 649 € 809 € 31.мај Променети 14.05
ALBATROS CITADEL RESORT 5* All Inclusive 599 € 479 € 729 € 819 € 31.мај Променети 17.05
HILTON HURGADA RESORT 5* All Inclusive 539 € 489 € 669 € 819 € 31.мај  
CLEOPATRA LUXURY BEACH RESORT 5* All Inclusive 679 € 499 € 679 € 839 € 31.мај  
JUNGLE AQUA PARK 4* All Inclusive 649 € 509 € 769 € 919 € 31.мај  
JAZ MAKADINA 5* All Inclusive 809 € 529 € 769 € 939 € 31.мај Променети 14.05
TROPITEL SAHL HASHEESH 5* All Inclusive 679 € 529 € 729 € 919 € 31.мај  
SHERATON SOMA BAY 5* All Inclusive 689 € 559 € 819 € 969 € 31.мај ТОП ПОНУДА!
2CHD БЕСПЛАТНО!
MARRIOT RED SEA BEACH RESORT 5*  All Inclusive 699 € 559 € 769 € 979 € 31.мај ТОП ПОНУДА!
2CHD БЕСПЛАТНО!
ALBATROS PALACE RESORT 5* All Inclusive 739 € 579 € 819 € 1.029 € 31.мај Променети 17.05
SENTIDO PALM ROYALE SOMA BAY 5* All Inclusive 749 € 599 € 829 € 1.049 € 31.мај  
SUNRISE GRAND SELECT CRYSTAL 5* All Inclusive 749 € 599 € 829 € 1.059 € 31.мај  
DANA BEACH RESORT 5* All Inclusive 819 € 629 € 869 € 1.099 € 31.мај Променети 17.05
PREMIER LE REVE 5* (Adults Only) Ultra AI 819 € 649 € 909 € 1.169 € 31.мај  
STEIGENBERGER AL DAU 5*  All Inclusive 949 € 649 € 909 € 1.179 € 31.мај Променети 14.05
ALBATROS WHITE BEACH 5* All Inclusive 909 € 709 € 1.009 € 1.299 € 31.мај  
STEIGENBERGER PURE LIFESTYLE 5*DLX All Inclusive 939 € 729 € 1.099 € 1.349 € 31.мај Променети 14.05
BARON PALACE 5*DLX All Inclusive 1.359 € 1.039 € 1.509 € 2.029 € 31.мај  

Цените во табелата се изразени во ЕВРА, а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност од 62,0 ден за 1 ЕВРО 

 

РАСПОРЕД НА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ СО АВИОКОМПАНИЈАТА “AMC AIRLINES” (ПОНЕДЕЛНИК & ПЕТОК)

Летови во ПОНЕДЕЛНИК
Поаѓање од СКОПЈЕ             06:20 часот (AMV 1258)
Пристигнување во Хургада      09:25 часот 
Враќање од Хургада             02:01 часот (AMV 1257)
Пристигнување во Скопје        05:20 часот

Летови во ПЕТОК
Поаѓање од СКОПЈЕ             06:20 часот (AMV 5358)
Пристигнување во Хургада     09:25 часот
Враќање од Хургада             02:01 часот (AMV 5357)
Пристигнување во Скопје       05:20 часот 
 

*** Времињата на летови може да претрпат промени и истите мора да се проверат пред поаѓање.

 

РАСПОРЕД НА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ СО АВИОКОМПАНИЈАТА “AMC AIRLINES” (ПОНЕДЕЛНИК & ПЕТОК)

Летови во ПОНЕДЕЛНИК
Поаѓање од СКОПЈЕ             06:20 часот (AMV 1258)
Пристигнување во Хургада      09:25 часот 
Враќање од Хургада             02:01 часот (AMV 1257)
Пристигнување во Скопје        05:20 часот


Летови во ПЕТОК
Поаѓање од СКОПЈЕ             06:20 часот (AMV 5358)
Пристигнување во Хургада     09:25 часот
Враќање од Хургада             02:01 часот (AMV 5357)
Пристигнување во Скопје       05:20 часот 
 

*** Времињата на летови може да претрпат промени и истите мора да се проверат пред поаѓање.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

 1. ден СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).

 од 2 до 7/10/13. ден ХУРГАДА
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн…).

 14. ден (враќања во ПОНЕДЕЛНИК) ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција. За дневно користење на собите и/или други услуги од хотелот до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

8/11. ден (враќања во ЧЕТВРТОК) ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите во раните утрински часови по што следува организиран трансфер до аеродромот. Предавање на багажот два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје според претходно најавеното време.”

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6, 9, 10 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 80 еур,  (25еур за бебе до 1.99 год)
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

 За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманските услуги.   Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. “

ЗАБЕЛЕШКИ:

* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.