КОСТА БРАВА (Ред на летање)

                                                                                                                                               
Брегот на Коста Брава опфаќа 160 километри од убавото живописно крајбрежие на Каталонија во североисточниот дел на Шпанија. Нејзината природна убавина,бескрајните песочни плажи и летното сонце ,привлекуваат милион туристи.
Првото големо одмаралиште и веројатно најособен од сите на Коста Брава е Тосса Де Мар ,со песочни плажи, мали заливи и историското средиште, Вила Вела со средновековните одбранбени ѕидови и кули. Лоред Де Мар е најпознато летувалиште со најголем број хотели и туристи, со убаво уредена променада покрај морето. Популарното летувалиште Бланес со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малград Де Мар, Санта Сузана,и Калеља, кои се всушност дел од Коста Мерсеме, која обично се препознава како дел од Коста Брава.


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
01. ден СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА - КОСТА БРАВА 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 120 минути пред времето на полетување. Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna …). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 07/10. ден  КОСТА БРАВА 

Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna … и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.

08./11.  ден КОСТА БРАВА - БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.
РЕД НА АВИОНСКИ ЛЕТОВИ

                                                                                                                            
BO ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 7/10 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче чекиран багаж (до 20кг) и 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 56х45х25) по лице
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Аеродромски и административни такси во износ од 60еур
* Патничко здравствено осигурување
* Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.