NEPTUNE SUITES (53)

 

Neptune Suites се наоѓаат во новиот дел на Неи Пори, на само 50 m оддалеченост од плажа. Потполно нов објект, неодамна завршен, a моментално во фаза на внатрешно уредување. Актуелните слики се 3D анимација, а наскоро ги очекуваме реалните фотографии. Во однос на архитектонскиот изглед, се работи за модерен објект. Објектот не е во првата линија до морето, но поради тоа што пред него е тревнета површина, може да се смета како да е во прва линија. Сите студија се со поглед на море (10 со директен и 2 со бочен). Плажата, пред куќата е опремена со лежалки и чадори, а гостите истите можат да ги користат со конзумација на пијалок, beach bar, кој работи во текот на целиот ден, терени за одбојка и фудбал на плажа, Wi FI… Сите студија се комфорни, опремени со квалитетен, модерен намештај. Секој од нив поседува опремена мини кујна, бања со туш кабина, LED TV SMART 32”, телефон, сеф, клима, фен,Wi Fi, балкон со поглед кон море. Со оглед дека сопствениците на објектот имаат уште 2 хотели од висока категорија, кои успешно ги водат, сметаме дека е доволна гаранција за избор на овој објект за Вашиот одмор…

 

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ВО ГОТОВО ДО 15.02.2019

10% ПОПУСТ ЗА 40% УПЛАТА ВО ГОТОВО ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 01.04.2019

GPS КООРДИНАТИ: 39°58'31.1"N 22°39'30.0"E

 

Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден

НАПОМЕНА: ВО СМЕСТУВАЧКИТЕ ЕДИНИЦИ Е ДОЗВОЛЕНО ГОТВЕЊЕ, ОСВЕН РИБА!

Користење на клима, крпи и интернет вклучено во цената две деца до 10 г можат да користат еден кревет/дете од 0-3 г може да престојува без сопствен кревет Агенција не може да ја гарантира брзината на интернетот и не е одговорна во случај на слаб сигнал и снемување на интернет

Tаксата за престој во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот)!

Тип на сместување:

1/2 studio – во една просторија чајна кујна и еден брачен кревет

1/3 studio –во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден единечен кревет

*Во одредени случаи можни се отстапувања на мерките на креветите од стандардните димензии.

СОДРЖИНА НА КУЌАТА: WI-FI, лоби бар, рецепција

СОДРЖИНА НА СТУДИЈАТА: чајна кујна со садови и прибор, купатило, тераса, LCD TV, клима, Wi-Fi, фен, фрижидер, крпи, телефон