VILA SOULA (60)

 

Вила СОУЛА или како што минувачите ја нарекуваат „зелената“ вила, се наоѓа во централниот дел на Лептокарија на само 70 метри од плажа. Идеална локација, мирно опкружување и близината до плажата, а воедно и близината до центарот на Лептокарија ја прават оваа вила идеална за Вашиот годишен одмор. Вилата располага со 9 трокреветни студија, комплетно опремени со по 3 поединечни кревети, тоалет, мини кујна (комплет опремена за 3 лица), балкон и клима уред за кој се доплаќа 5 евра на ден.

 

 

Цените во табелите се изразени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум две лица во студио или четири лица во дуплекс апартман;

 Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);

Сместување на трето и четврто лице во студио задолжително плаќа 30 евра;

Само превоз на наведените датуми за возрасни е 30 евра, а за деца до 12 години е 20 евра;

За користење на сопствен превоз се одбива 10 евра од цените во табелата;

Цените во табелата обележани со * не се одбива превозот и не важи попустот;

За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата. Во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;

Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);

Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 апартман е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);

Доплата за користење на клима уред е 5 евра на ден.


БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица


БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија


Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;


Задолжително патничко – здравствено осигурување;