JAZ MAKADINA ***** (3)

 

ЦЕНИТЕ СЕ ВАЛИДНИ ЗАКЛУЧНО СО  30. 04. 2019

Jaz Makadina се наоѓа на самата плажа и има  прекрасен  поглед кон Црвеното Море. Тој располага со отворен базен и сопствена плажа. Собите  се пространи, климатизирани  со сателитска ТВ и балкон.

Сите соби имаат модерен мебел и нудат погледи кон Црвеното Море, кон базенот  или убавата градина .

Ресторанот  Ел Масри служи интернационална кујна за појадок, ручек и вечера. Коктели, алкохолни и безалкохолни пијалоци се достапни во барот Ел Коба, кој се наоѓа покрај базенот. Можете да нарачате лесни јадења во снек бар на Ал Сакала и ресторанот на плажа.

Хотелот  има спа центар Mividaspa -понудата вклучува освежување и третмани за регенерација, терапија со вода, масажа, парна соба, како и програми за релаксација и козметички услуги, спортови на вода, нуркање, едрење, возење на велосипед.(со доплата)

На 4 километри од Макади се наоѓа  аква парк со 50 различни слајдови за возрасни и деца.

 

НОЌЕВАЊА 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6
ТЕРМИН ОД: 17.ЈУН 24.ЈУН 01.ЈУЛ 08.ЈУЛ 15.ЈУЛ 19.ЈУЛ 22.ЈУЛ 26.ЈУЛ 29.ЈУЛ 02.АВГ 05.АВГ 09.АВГ 12.АВГ 16.АВГ 19.АВГ 23.АВГ 26.АВГ 30.АВГ 02.СЕП 06.СЕП 09.СЕП 13.СЕП 16.СЕП 23.СЕП
SUPERIOR ROOM & ALL INCLUSIVE
Цена по лице во двокреветна соба 559 559 559 609 609 609 609 609 609 609 629 659 659 659 659 659 659 629 609 609 609 609 609 609
»Прво дете 2-2.99 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219
»Прво дете 3-12.99 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232
Цена за еднокреветна соба 699 699 699 769 769 769 769 769 769 769 809 849 849 849 849 849 849 799 769 769 769 769 769 769
»Прво дете 2-2.99 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219
»Прво дете 3-12.99 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232
»Второ дете од 2-2.99 (aкo прво дете e  2-2.99) 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219
»Второ дете од 3-12.99 (aкo прво дете e  2-2.99) 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232 232
»Второ дете од 3-12.99 (aкo прво дете e  3-12.99) 397 397 397 404 404 404 404 404 404 404 413 423 423 423 423 423 423 410 404 404 404 404 404 404
НОЌЕВАЊА 10 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 9
ТЕРМИН ОД: 08.ЈУЛ 15.ЈУЛ 19.ЈУЛ 22.ЈУЛ 26.ЈУЛ 29.ЈУЛ 02.АВГ 05.АВГ 09.АВГ 12.АВГ 16.АВГ 19.АВГ 23.АВГ 26.АВГ 30.АВГ 02.СЕП 06.СЕП 09.СЕП 13.СЕП 20.СЕП
SUPERIOR ROOM & ALL INCLUSIVE
Цена по лице во двокреветна соба 849 849 789 849 789 849 819 909 869 929 869 929 869 899 809 849 789 849 789 789
»Прво дете 2-2.99 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235
»Прво дете 3-12.99 256 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 254
Цена за еднокреветна соба 1.109 1.109 1.029 1.109 1.029 1.109 1.069 1.209 1.149 1.249 1.149 1.249 1.149 1.189 1.049 1.109 1.029 1.109 1.029 1.029
»Прво дете 2-2.99 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235
»Прво дете 3-12.99 256 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 254
»Второ дете од 2-2.99 (aкo прво дете e  2-2.99) 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235
»Второ дете од 3-12.99 (aкo прво дете e  2-2.99) 256 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 256 254 254
»Второ дете од 3-12.99 (aкo прво дете e  3-12.99) 538 538 507 538 507 538 517 560 536 569 536 569 536 556 514 538 507 538 507 507

 

01. ден    СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 13. ден     ХУРГАДА 
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн…).


14.  ден    ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција) Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6/13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 30% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ со доплата од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот до датумот на завршување на Early Booking попустот, освен ако не е наведено поинаку. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени и истите се предмет на барање и одобрување. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).

* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети. 
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата. 
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето. 
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.  

* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.  
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности. 
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.