НЕИ ПОРИ
VILA ST.GEORGE (60)
Вила СЕНТ ЏОРЏ се наоѓа во новиот дел на Неи Пори на 200 метри од плажата и е оддалечена 5 минути одење до центарот. На само неколку минути до вилата морето е доста плитко и токму поради тоа Неи Пори е идеално место за фамилијарен одмор со деца, каде што ќе бидете потполно безгрижни, додека вашите најмлади задоволно играат во песокта и во морето.
Во нашата понуда за вила Сент Џорџ имаме двокреветни и трокреветни студија распоредени на прв, втор и трет кат. Сите студија се комплетно опремени со кујни (електричен шпорет без рерна, фрижидер, прибор за јадење), тоалет, пространи балкони, телевизор и клима уред, за кој доколку се користи, се доплаќа по 5 евра на ден. Пред самата вила има место за паркинг на сопствени возила.
БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата
05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Агенција Екстра Бус);
08:30 часот Граничен премин Богородица
БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата
05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија
Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.
НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13.00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9.00 часот на денот на заминување по локално време;
Задолжително патничко – здравствено осигурување;