ВАЛОНА
Хотел VLORA INTERNATIONAL 4* (15)
Хотелот “Vlora International” се наоѓа во Скела, срцето на градот Валона и претставува сврзничка точка на двете главни градски улици, булеварот Влора-Скела и шеталиштето „Лунгомаре“. Најблиските плажи се оние на Лунгомаре, кои се наоѓаат на околу 50 м. oд хотелот. Исто така, песочните плажи на Звернец се лесно достапни од хотелот.
Локацијата е совршена за туристи кои сакаат да уживаат во прошетки покрај морето, по дуќани на главниот булевар, во таверни и барови на шеталиштето на Лунгомаре.
Тип на соби: 54 двокреветни соби, 6 апартмани (брачен и 2 единечни кревети), 13 јуниор суити (брачен и единечен кревет) сите со тераси.
Собите се опремени со: клима уред, Wi-Fi (бесплатно), телефон, сеф, фен, мал фрижидер, плакар, дополнителни перници...
Објектот во својата содржина нуди: затворен базен 24 часа (од 1 јуни - 15 септември), СПА услуги (масажа, третмани за лице, маникир, педикир, џакузи…), два бара со капацитет од 200 лица, 1 ресторан со капацитет од 110 лица, приватен паркинг (бесплатно), соба за багаж, експресни услуги за перење. Две конференциски сали опремени со видео проектор, микрофон и аудиосистем.
Тип на соба |
01.04 -30.06 01.09-30.10 |
01.07-30.08 |
Еднокреветна соба |
43 |
57 |
Двокреветна соба |
51 |
66 |
Јуниор суит |
73 |
82 |
Апартман |
93 |
104 |
-Цените се дадени на база ноќевање со појадок, по соба на ден
-Деца до 7 год. Бесплатно
-Деца од 7-14 год. плаќаат 10 евра на ден
-Влез во собите од 13:00 часот, Напуштање на собите до 11:00 часот
-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
-Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).