Villa ELY-OK APP (102 )

 

Вила Ели или попознатите ОК Апартмани се наоѓаат на прв ред во Неа Флогита кај популарните фонтани кои се на сама плажа. Апартманите се на самото шеталиште со прекрасен отворен поглед на море кој е незаборавен. Вилата се состои од два апартмани кои се со следниов распоред.
ОК Апартман 1: Кујна со трпезариска маса кој има и еден единечен кревет и тоалет, Две спални соби со по еден двоен кревет и еден единечен огромен балкон и прекрaсен поглед на море, капацитетот на овој апартман е за 7 лица (сите може да бидат возрасни).
ОК Апартман 2: Кујна со трпезариска маса и тоалет, две спални соби со по еден двоен кревет и еден единечен, двете спални имаат излез на балкон и прекрасен поглед на море, капацитетот на овој апаратман е за 6 лица (сите може да бидат возрасни).
Апартманите располагаат со телевизија и интернет, клими по една во двете спални, кујните се доста опремени со ел. шпорети со фурна и големи фрижидери и кујнски прибор, апартманите се наоѓаат над коктел чил бар кој има опуштена атмосфера, работи до 01:00 часот по полноќ. Покрај вилата има бесплатен паркинг простор за вашите автомобили. На само 50 метри од вилата се наоѓа пазарот во Флогита кој секогаш изобилува со свежи продукти, додека на 100 метра имате два маркети и една пекара.
Во Близина: Маркет на само 30 метри  и 50 метри, зелено пазарче на 20 метри, Кафе бар на само 20 метри, ресторант 50 метри, гиро на 20 метри, пекара на 50 метри, Лидл на 6 км во Неа Мудања,

 

За резервација со “EB” попуст, 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата.
Можност за користење на неискористените Covid ваучери.

Наем Мај Мај Мај

Термин 15.05.2022 22.05.2022 29.05.2022

Ноќевања 7 7 7

OK 2 / АPT2B / 6 Лица 175 € 190 € 210 €

OK 1 / АPT2B / 7 Лица 180 € 195 € 215 €

Наем

Јуни

Јуни

Јуни

Јуни

a

Термин 05.06.2022 12.06.2022 19.06.2022 26.06.2022
Ноќевања 7 7 7 7
OK 2 / АPT2B /  6 лица 280 € 315 € 350 € 420 €
OK 1 / АPT2B / 7 Лица 290 € 325 € 360 € 430 €

Наем

Јули

Јули

Јули

Јули

Јули

Термин 03.07.2022 10.07.2022 17.07.2022 24.07.2022 31.07.2022
Ноќевања 7 7 7 7 7
OK 2 / АPT2B / 6 лица 490 € 550 € 595 € 595 € 595 €
OK 1 / АPT2B / 7 Лица 500 € 560€ 620 € 620 € 620 €

Наем

Август

Август

Август

Август

a

Термин 07.08.2022 14.08.2022 21.08.2022 28.08.2022
Ноќевања 7 7 7 7
OK 2 / АPT2B / 6 лица 595 € 560 € 525 € 490 €
OK 1 / АPT2B / 7 Лица 620 € 570 € 535 € 500 €

Наем

Септември

Септември

Септември

Септември

a

Термин 04.09.2022 11.09.2022 18.09.2022 25.09.2022
Ноќевања 7 7 7 7
OK 2 / АPT2B / 6 лица 420 € 350 € 315 € 280 €
OK 1 /АPT2B / 7 Лица

 

430 €

 

360 €

 

320 €

 

285 €

 

a

 

Цените се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  

  • Употребата на клима уред во Villa Ely | Ok Aprt е бесплатна,
  • Доплата за туристичка такса 1 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
  • Попуст за резервирации на два последователни термина  -7% на вториот термин ( Не важи за цените со рани резерваии)
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
  • Комплимент за добредојде(шише вода, закуски, тоалет хартија  едно парче и крпичка за раце)
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (секоја Недела):  50 €  (40 € за деца 2-12 год)  

  • Поаѓање : Штип(Нова Пошта 05:00), Струмица(БП. Макпетрол на влез 06:00)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до вилата или најблиската постројка или паркинг за автобус.
  • Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.(патниците се оставаат на најблиската локација до објектите)
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ 

  • Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско сместување во Грција, со важност до 25.12.2021 година, или до објава на нов ценовкик.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Корисни информации 

  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот со пречек од представник од агенцијата) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
  • Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 € .
  • Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.

ВНИМАНИЕ!

Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

Услови на плаќање 
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на резервацијата се уплатува во моментот на правење на резервацијата, или до истекот на периодот на претпродажба “EB”, според понудата.
– 50% од вкупната вредност на услугите, се доплатува до 21 ден пред датумот на почеток на услугите.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM),  резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите  
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

НАПОМЕНА: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа
уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.