Maria House-10ноќи/сопствен превоз (53)

15% ПОПУСТ ДО 14.03.2023 ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА СМЕНИТЕ ОД 20.05. И 30.05.2023

10% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ ЗА СМЕНИТЕ ОД 20.05. И 30.05.2023

5% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ ЗА СИТЕ ОСТАНАТИ СМЕНИ

*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%

MARIA AMMOS House се наоѓа во центарот на Ставрос, на 100м од кружниот тек и затворената пешачка улица, 200м од најблиската плажа и околу 300м од плажата Платани. Во понуда се комплетно реновирани 1/2 и 1/3 студија и дуплекс апартмани на приземје. Студијата и нивните тераси се со помала квадратура. Дуплекс апартманот има клима уреди во двете спални и излез во сопствен двор (бетониран) со маса, гарнитура за седење и скара само за гостите во дуплексот. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна, комарници, купатило, тераса со гарнитура за седење, ТВ и клима уред чие користење се доплаќа 5 еур на ден по клима уред на лице место. Нема пешкири, а промената на постелнината е на половина од смената. Има бежичен WI–FI интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Објектот нема сопствен паркинг.

 
 

 
 
  • УСЛОВИ

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

ОПИС:

1/2 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и  1 брачен кревет

1/3 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и  1 брачен кревет и 1 единечен кревет

1/4 ДУПЛЕКС

во една просторија чајна кујна, во другата 1 брачен, во третата 2 единечни кревети

1/5 ДУПЛЕКС

во една просторија чајна кујна, во другата 1 брачен и 1 единечен кревет, во третата 2 единечни кревети

1/5+1 ДУПЛЕКС

во една просторија чајна кујна, во другата 1 брачен и 1 единечен кревет, во третата 1 потесен брачен кревет (190х120см) и 1 единечен кревет

1/5+2 ДУПЛЕКС

во една просторија чајна кујна, во другата 1 брачен (190х140см) и 1 потесен брачен кревет (190х120см), во третата 1 потесен брачен кревет (190х120см) и 1 единечен кревет

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

 

ЛОКАЦИЈА