Хотел & СПА Панорама 4* (12)

ХОТЕЛ & СПА ПАНОРАМА  се наоѓа во густа букова шума нуди најубав и живописен поглед на Крушево.

Изграден во далечната 1971 година а комплетно реновиран и дограден во 2018 година.

Сите соби се архитектонски одлично решени и испланирани, ентериерно модерно спремени со спој на дрво и камен, секоја соба и апартман е со прекрасен поглед на градот.

 



Во цената е вклучено: доручек, користење на СПА центарот, интернет,
телевизија, паркинг, ДДВ, туристичка такса, осигурување и вода по
собите, 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наоѓа на ски терените во
Крушево, карта за жичарата и ски опрема.

 

* Во супериор, јуниор и делукс апартман има опција за сместување на трето возрасно лице и се доплака 10 евра по ноќ, или кога станува збор за фамилија две деца, за деца до 8 години е бесплатно, за деца над 8 години се доплака 10 евра за дете по ноќ.
* За дополнителен оброк ручек или вечера цената е 10 евра по
лице и е на база сет мени(предјадење, главно јадење, десерт и еден
безалкохолен пијалок).
– За деца до 8 години се доплака 5 евра и добиваат пола порција,
– За деца над 8 години е исто како и за возрасен.
– Доплатата за трето лице или деца над 8 год е фиксна без провизија, исто така и дополнителниот оброк.