OZCAM 2*(10)

Положба:Хотелот Ozcam е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Во близина на хотелот се наоѓаат сите неопходни туристички атракции, маркети, ресторани, барови, банки, продавници за сувенири. Хотелот е оддалечен на 500 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.

Сместување: Хотелот располага со вкупно 25 соби. Сите соби располагаат со сопствен балкон, сопствена бања (туш или када, тоалет,фен за коса), клима уред (со доплата во месец Јуни и Септември), ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база BB (ноќевање и појадок). Хотелот располага со еден ресторан кој располага со затворен и отворен дел. Хотелот исто така располага со еден бар.

Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон.

Услуги со доплата: Пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови.

Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, еден бар, паркинг, 24/7 рецепција, надворешен базен, градина.

Плажа: Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

 


 

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
16.06-26.06 154 €
26.06-06.07 164 €
01.07-11.07 174 €

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.