APARTHOTEL ALEXANDER INN 10 nokji (17)

                                                                                                                
Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг. 
                                                                                                  

-20% попуст за целосна уплата до 13.12.2019 

                                                                                          

                                                                                              
Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата) 
                                                                                        

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

- Во студијата и апартманите дозволено е сместувања на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 

-Сместувањето е првиот ден после 14: 00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време 

- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

- Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и одпадоци

- Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот

- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на соспственикот на вилата на лице место 

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе бјавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 евра 

- Организиран превоз 

- цена на повратен билет -35 евра , деца до 2 години бесплатно (без седиште) деца од 2- 12 години -25 евра