FANI ROOMS HOUSE sopstven prevoz (53)

Се наоѓа на почетокот на главната улица во Платамона, на околу 80 m oд првата плажа. Оддалечена е само 80 m oд маркетот „Larisa”. Прва песочна плажа, Kalamaki e на само 250 m. Добра локација, одлична опременост и комфорност на студијата и апартманите, е доволна препорака за куќата. Кујната е комплетно опремена со садови, голем фрижидер со замрзнувач, мини шпорет, апарат за филтер кафе, тостер, даска за пеглање и пегла. Убаво уреден двор со летниковец. Сопственикот зборува српски така да е и комуникацијата полесна. Паркирањето е дозволено на улицата пред куќата.

 
 

 
 
  • УСЛОВИ
Напомени 
  • две деца до 10 г можат да користат еден кревет/дете од 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.
  • Користење на климата со доплата: 5 еур на ден – студио и 8 еур на ден – дуплекс (две клими) 
  • WI-FI  – вклучен во цената.
  • АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБИОТ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ.

Tаксата за престој во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот)!

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.