Golden Bay Aparthotel-10 ноќи/сопствен превоз (53)

Апартхотелот Golden Bay се наоѓа во еден од најлуксузните делови на полуостровот Касандра, помеѓу Пефкохори и Ханиоти, на околу 30 метри оддалечен од плажата. Луксузен комплекс, распространет на преку 4 000 m², се наоѓа на околу 700 метри оддалеченост од Пефкохори. Во понуда се стандардни трокреветни студија на последниот кат, трокреветни и четирикреветни апартмани на кат и четирикреветни апартмани во спуштено приземје во еден од двата централни објекти кои се наоѓаат поблиску до базенот и гледаат на дел од дворот (Golden Bay 2). Покрај Golden Bay 2, во понудата се и трикреветни студија и четирикреветни апартмани во новоизградените приземни објекти (Golden Bay bungalovi), кои се сместени подлабоко во дворот. Сите студија и апартмани покрај францускиот или 2 единечни кревети имаат и кревет (двосед или тросед) на расклопување. Во склоп на комплексот се наоѓаат голем, детски и џакузи базен, бар покрај базенот, паркинг простор за ограничен број возила, убаво уредена градина со sидана скара и мало игралиште за деца. Користењето на базенот за сите возрасни лица е можно со конзумација на пијалок од барот, додека за децата е бесплатно. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна сразмерно со бројот на кревети, купатило, тераса, TV и клима уред, чие користење се плаќа 5 еур на ден, Wi Fi. Менување на постелнина и пешкири и чистење е еднаш во текот на престојот.

 
 

GOLDEN BAY 2

 

GOLDEN BAY BUNGALOWS

 
 

плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур

промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување

ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ

10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,

15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,

100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

 

СЛИКИ