VILA D STONES (12)

Апартмански комплекс (мезонети) „D Stones Villas“ – Неа Флогита


 

За целосни уплати заклучно со (сабота) 31 октомври 20% попуст на објавените цени!

 



Лоцирани во исклучително мирен дел, на почетокот на Неа Флогита, сместени во природа помеѓу приватни куќи, на околу 200-250 метри од плажа. Мезонетите Цибукас се четирикреветни, со два одвоени кревета на приземје и во горниот дел по внатрешни скали брачен – француски кревет. Новоизградени во традиционален стил, од дрво и камен, модерни уредени со нови елементи, има огромен заграден двор во зеленило, со сопствен приватен паркинг, скара за користење на гостите. Пред секоја од мезонетите има голема тераса – веранда со балдахини. Кујните се комплетно опремени со основни елементи, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. 


Цените се објавени за 1 лице а вклучуваат 7 ноќевања со превоз. 

Плаќаат најмалку 2 лица. Доплата за 3 и 4 лице е задолжителна според цените објавени во табелите. 

Плаќаат сите лица кои се сместуваат без разлика на возраста, вклучително и деца.


Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

22.5 – 29.5

7

149

65

29.5 – 5.6

7

169

65

5.6 – 12.6

7

199

65

12.6 – 19.6

7

239

65

19.6 – 26.6

7

279

65


Цените се објавени за наем на мезонета за 7 ноќевања без превоз. 

Во нив може да се сместат 4 лица според бројот на кревети но не и повеќе од тоа, без разлика на возраста, важи и за деца.

Термин

Ноќевања

Четирикреветна мезонета

26.6 – 3.7

7

659

3.7 – 10.7

7

699

10.7 – 17.7

7

779

17.7 – 24.7

7

829

24.7 – 31.7

7

899

31.7 – 7.8

7

899

7.8 – 14.8

7

899

14.8 – 21.8

7

839

21.8 – 28.8

7

799



Цените се објавени за 1 лице а вклучуваат 7 ноќевања со превоз. 

Плаќаат најмалку 2 лица. Доплата за 3 и 4 лице лице е задолжителна според цените објавени во табелите. 

Плаќаат сите лица кои се сместуваат без разлика на возраста, вклучително и деца.

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

28.8 – 4.9

7

279

65

4.9 – 11.9

7

239

65

11.9 – 18.9

7

199

65

18.9 – 25.9 

7

169

65


Локација: 
40.260629, 23.210304

 

 

Напомени и услови:

 

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.

Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.

Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

За возрасни 3,720 денари (60 евра)

За деца до 11,99 години 2.790 денари (45 евра)

Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.

Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.

Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Меридијан“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 10 ноќевања.

За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.

Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во т.а. „Меридијан“ ќе бидат на располагање до 16ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.

Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на т.а. „Меридијан“ туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.

Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Меридијан“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.

Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место

Меридијан не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Меридијан“ и на самата агенција.

 

 

Тимот на „Меридијан“ ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.